fashionhouse.mk обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од www.fashionhouse.mk под долу наведените услови:
Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената сметка и испратница и истиот може да го замените со нов. Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање и да го доставите на адреса: ЦМ ДЕЛТА ДОО., ул. Васил Главинов 3/10, 1000 Скопје.
Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена сметка и испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција .
Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50% од цената на чинење.
fashionhouse.mk има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страната fashionhouse.mk. Нашата политика за враќање на производ и парични средства е достапна на нашата веб страна. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страната да ги погледнете објавените измени од политиката за враќање.