Регистрацијата на порталот https:/www.fashionhouse.mk/ е многу едноставна.
Во долниот дел од страната се наоѓа линкот „Најава/Регистрација“. Со клик на овој линк се отвара нова форма каде се внесуваат сите основни податоци, и на вашата електронска адреса пристигнува потврдна порака за креирање на профилот со корисничко име и лозинка. Со клик на линкот за верификација кој е пратен на вашата електронска адреса се логирате на системот. Најавување на системот се прави преку формата за најава во горниот десен агол и клик на копчето „Најава/Регистрација“, претходно испишувајќи ги коректно корисничкото име и лозинка.
Во случај да сте ја заборавиле лозинката за најава на нашиот систем, кликнете на линкот „Ја заборавивте лозинката?“ кој се наоѓа на страната за најава на www.fashionhouse.mk и внесете ја вашата електронска адреса. Веднаш потоа ќе ви биде испратен линк на вашата електронска адреса каде што ќе може да внесете нова лозинка.
Најновите книги може да ги погледнете на сајтот, преку менито „Ново“. Исто така може да се зачлените и да добивате билтени на вашата е-адреса за најновите наслови и промотивни активности.
Секој производ кој е понуден на www.fashionhouse.mk едноставно можете да го купите. Кога ќе кликнете на самиот производ ќе го добиете описот за него и останатите важни информации. Доколку сакате да купите кликнувате на копчето „Купи“.
По внесувањето на посакуваниот производ во вашата кошничка можете да продолжите со вашата нарачка, односно да направите нарачка на повеќе производи или да продолжите со следните чекори на финализирање на нарачката.
Како да платам?
Откако сте избрале дека сакате да платите за она што веќе го имате во кошничка, нашиот систем ви нуди можност да изберете начин на плаќање. Можете да платите со платежна картичка или во готово при достава.
1. Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка и дали поддржува интернет купување;
2. Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши;
3. Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање.
4. Доколку веќе го имате проверено горенаведеното и понатаму не можете да ја купите посакуваната понуда, проблемот е најверојатно од техничка природа од страна на „Casys-cPay“ , па затоа ве замолуваме да не известите на: info@cmdelta.mk